Еди Хeрн, промотор на боксерот во тешка категорија Дилиeн Вајт, признава дека е загрижен за денешната борба со Александар Поветкин.
Вајт во оваа борбаго заложува неговиот статус на задолжителен предизвикувач во ВБЦ.
Победникот може да се сретне со победникот од мечот Тајсон Фјури – Дионтеј Вајлдер, кои треба да се борат на 19 декември.
Херн запознаен со талентот и на двајцата боксери.
„Вајт е во фантастична форма. Загриженоста од Поветкин е неговото констатно ниво – бидејќи се бореше со Џошуа, Хантер и Прајс – нема никаков двоумење во неговиот настап. Нема промена дури и во неговиот глас. Тој е машина! Тој е програмиран да го уништи. Ќе даде се од себе за тоа. Нема да се откаже и нема да се врати“, рече Херн.