Херн тврди дека нема шанси Џошуа да потпише договор за борба против Фјури во следните 24 часа

Промоторот на Џошу, Еди Херн, истакна дека Еј Џеј речиси сигурно нема да потпише договор за борба со Тајсон Фјури во следните 24 часа.

Имено, Џипси Кинг му даде рок на Џошуа до понеделник да ја прифати понудата и да го потпише договорот за нивниот меч кој треба да се одржи на 3 декември во Кардиф.

Херн истакнува дека Ентони нема да брза со договорот откако чекаше договор.

„Нема шанси договорот да биде потпишан во понеделник, бидејќи имаме уште многу работа“, изјави Еди Херн и додаде:

„Разговорите беа пристојни и се движат во вистинска насока, но има долг пат да се оди. Таа борба бара време. Чекавме десет дена за да го добиеме договорот, а сега одеднаш сака да го потпише за 24 часа. Нема шанси“.

Носителот на појасот на ВБЦ тврди дека Џошуа се оддалечува од борбата откако ги прифатил условите, датумот, местото на одржување и поделбата 60-40 во корист на шампионот.

„Доста ми е што треба да давам рокови. Не знам дали воопшто ја сакаат таа борба. Немам ништо против да ги поканам овие луѓе на мојата забава, но тие нема да дојдат. Имаа време да го потпишат договорот“, изјави Тајсон Фјури.

И Херн се сомнева дека Фјури има други планови и дека во декември сака да се бори со германскиот тешкаш Мануел Чар.

„Очигледно е дека Фјури сака да се бори со Мануел Чар, но јавноста тоа не го разбира. Секако дека сака тоа јавно да го каже, но ќе видиме што ќе се случи“, рече Еди Херн и заклучи:

„Договорот нема да биде потпишан во понеделник. Па ако сака да се повлече од тоа, нека си оди. Ќе се трудиме до последен момент тој меч да се одржи“.

Френк Ворен најави дека разговорите ќе продолжат во понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО