Промоторот на шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа (22-0, 21KO), Еди Херн, изјави дека неговиот боксер е заинтересиран да се сретне само со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, и тоа на 13 април.
Вајлдер на 1декември ја брани титулата против непобедениот Тајсон Фјури. Победникот од средбата во која Вајлдер (40-0, 39KO) е фаворит, ќе биде кандидат да се сретне со Џошуа во неговата следна борба.
Херн истакна дека преговорите со тимот на Вајлдер веќе течат и до моментов се оди лесно.
Џошуа се бореше минатиот месец и го нокаутира во седмата рунда задолжителниот предизвикувач за титулата Александар Поветкин.
„Во моментов преговараме со Дионтеј Вајлдер“.
„Има развој – не можеме да чекаме до декември. Тоа не е договор со кој ќе се склучи за еден ден. Сакаме средби и разговори, бидејќи сме должни да ја направиме оваа средба“.
„Мојата работа е мојот клиент да е задоволен, а тој сака средба со Дионтеј Вајлдер. Тоа е единствениот противник, кој го интересира, а јас треба да го обезбедам. Ако не успеам, ќе се изневереам. Ќе ги изневерам навивачите на спортот, себе си и Ентони Џошуа, не очекувам да се случи тоа“.
Иако Фјури е сериозен противник, Херн не верува дека тој ќе успее да го нокаутира Вајлдер.
„Ќе обиде да го збуни Вајлдер и ќе користи слични стратегии како против Кличко, но не мислам дека овој пат ќе проработат. Се надевам дека ќе победи, но не мислам дека ќе успее“.