Херн: Ако Џошуа загуби од Френклин, веројатно нема повторно да се бори за светската титула

Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе се врати во рингот на 1 април во меч против Американецот Џермејн Френклин.

Тоа ќе биде прва борба за поранешниот светски шампион по двата порази од Александар Усик.

Во септември 2021 година ги загуби шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО, а Украинецот беше подобар во реваншот минатиот август.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, истакнува дека за Еј Џеј тоа е клучна борба во кариерата и веројатно последна шанса да се врати на врвот во тешка категорија.

„Ќе биде одличен меч за Џошуа. Френклин покажа колку е добар во борбата против Вајт. Сега Џошуа мора да покаже дали е подготвен да се врати. Ако загуби од Френклин, веројатно нема повторно да се бори за светската титула“, вели Еди Херн и додава:

„Френклин е меѓу 15-те најдобри тешкаши во светот. Ако Џошуа сака повторно да се бори за титулата, мора да го добие тој меч. Ќе биде под голем притисок, но мислам дека тоа нема да биде неговата последна борба доколку загуби од Френклин. Но, ќе му биде тешко повеќе да се вклучи во нападот на светската титула“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО