Хермансон го заврши Гастелум за 78 секунди (ВИДЕО)

Џек Хермансон славеше против поранешниот предизвикувач во средна категорија Келвин Гастелум со завршница за 78 секунди на УФЦ Фајт најт 172 во Абу Даби.

Хермансон го отвори мечот со удар во телото, а потоа пласираше повеќе удари со нога. Келвин го скрати растојанието и се обиде да зададе удари.

Џек ја спушта борбата во партер, притоа му прави клуч на ногата на Гастелум и го натера да се предаде за само 78 секунди по почетокот на борбата. Така, 32-годишниот Швеѓанец се врати на победите, откако дојде со пораз на Канониер. Џек изгуби само една од последните пет битки. Келвин за прв пат во кариерата влегува во серија од три последователни порази. Гастелум не победил повеќе од две години.

https://www.instagram.com/p/CCzl4EGH2i3/?utm_source=ig_embed

https://www.youtube.com/watch?v=NTTr5REU6mA&feature=emb_logo

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО