Фјури и Џошуа се сретнаа на улица во Марбела (ФОТО)

Двајцата шампиони во тешка категорија Тајсон Фјури и Ентони Џошуа се сретанаа во приморскиот центар на Марбела во Шпанија.

И двајцата се на одмор на исто место. Беше голема веројатноста дека може да се видат. Џошуа објави фотографија од нивната средба на социјалните медиуми, а фановите веднаш се возбудија. Фјури ја држи титулата во тешка категорија на ВБЦ и се подготвува за трета борба со Дионтеј Вајлдер.

Неговиот сонародник Џошуа се подготвува за борба со Кубрат Пулев, во која ќе ги брани титулите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО. Пред неколку недели стана јасно дека Фјури и Ентони потпишале договор за две борби во 2021 година. Ако двајцата ги добијат претстојни битки, тогаш следната година конечно ќе видиме меч за обединување на појасите.

Ова е фотографијата што ја сподели Е.Џ:

https://www.instagram.com/p/CCylTzgFDzc/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО