Хенри Сехудо го откажа мечот против Марлон Вера поради повреда на рамото

Поранешниот двократен шампион на УФЦ, Хенри Сехудо (16-3) го откажа настапот на настанот УФЦ 292, кој ќе се одржи во Бостон на 19 август, поради повреда. Трипл Ц требаше да се бори против Марлон Вера (22-8).

Тоа требаше да биде негова втора борба по тригодишна пауза. На почетокот на мај учествуваше во меч за појасот на УФЦ во бантам категорија и загуби со поделена одлука од шампионот Алџамејн Стерлинг.

„За жал, го повредив десното рамо и не можам да се борам. Веќе имав операција на левото рамо и закрепнував една година. Не сакам повредата да се влоши“, изјави Хенри Сехудо во видео порака на социјалните мрежи.

Американскиот борец вели дека неговото закрепнување ќе трае шест до осум недели, а тој ќе продолжи да тренира за повторно да стане шампион на УФЦ во бантам категорија.

Размислува за меч против првиот предизвикувач Мераб Двалишвили, а заинтересиран е и за можна борба против актуелниот шампион во мува категорија Брендон Мерон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON