Познатиот новинар Ариел Хелвани откри зошто мисли дека поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов не е најголемиот борец на сите времиња. Во последниве години темата за најголемите во историјата е доста честа појава.
Секој има своја листа на најдобрите, но често има некои имиња на таа листа. Скоро на секојa листa ќе ги видите имињата на Џон Џонс, Хабиб Нурмагомедов, Андерсон Силва, Жорж Сент Пјер и Федор Емелијаненко.
Има многу луѓе кои постојано велат дека Хабиб е најголемиот од сите. Меѓутоа, Хелвани е со поинакво мислење. Ариел тврди дека Хабиб не може да се мери со Џонс, Силва, Сент Пјер, па дури и на Даниел Кормиер.
„Според мене, прилично е контроверзно да се нарече Хабиб Нурмагомедов најголем. Не навлегувам во политиката, но ако мислиш дека е најголем, тогаш едноставно си луд.
Нурмагомедов има само 3 одбрани на титулата! Не можете да го споредите неговото резиме со Џон Џонс. Не можете да ги споредите со Андерсон Силва, Жорж Сент-Пјер или дури и со Даниел Кормиер.
Не, тој може да се вброи меѓу најголемите, но да се нарече најдобар на сите времиња е во најмала рака дискутабилно“, рече Хелвани во интервју за On The Nose.