Интересен начин на подготовки избрал поранешниот светски шампион во бокс во супер тешка категорија, Дејвид Хеј. Британецот е сретнат на луксузна јахта во Мајами, каде што тренира за следниот меч. Тој на 4 март во салата О2 каде ќе се бори со сонародникот Тони Белју за појасот во полутешка категорија на ВБЦ.
Тренирањето на Хеј веднаш ги натера таблоидите преку океанот да направат проценка на јахтата на која 36-годишниот боксер ги покажуваше кошарските вештини. Според нивните пресметки, јахтата чини, не помалку ни повеќе, 32 милиона евра.
Самиот Хеј се пофали на социјалните мрежи како вежба.
„Тежок ден во кампот, го „растурам“ кошот на палубата“, напиша боксерот на својот официјален профил на „Инстаграм“.
https://www.instagram.com/p/BQRFxxqDhfJ/?taken-by=mrdavidhaye