Хбаиб работи со Холивуд на филм и мечтае за Оскар

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ги кажа своите планови за освојување на престижниот Оскар за најдобар документарен филм. Непоразениот Дагестанец откри дека работат со Холивуд на филм за да ја раскажат неговата приказна.

„Орелот“ беше сиромашно момче кое даде се од себе за да дојде до врвот и да стане ова што е денес. Неговата приказна дефинитивно е интересна и ќе привлече внимание на многу луѓе.

На крајот на минатата година, Хабиб се повлече од ММА со скорд 29-0 откако го победи Џастин Гејџи. Хабиб верува дека постигнал сè во ММА и нема што уште да докажува.

Во едно од неговите медиумски настапи, тој го откри следново за работата со Холивуд:

„Сè уште ни требаат околу година ипол. Сакаме да освоиме Оскар, работиме со Холивуд. Најверојатно, овој филм веднаш ќе се појави во кината.

Ова е нормална приказна за човек од планините кој стана најдобар борец, без оглед на тежинската категорија. Борец кој никогаш не изгубил“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО