Хавиер Мендез: Многу организации сакаат да ги откупат правата за Каин Веласкез

Поранешниот шампион во тешка категорија Каин Веласкез се бореше со многу повреди во текот на годините кои долго време го држеа надвор од кафезот и го спречија да го покаже својот полн потенцијал. Последен пат се бореше пред две години и оттогаш ги лекува повредите и поради што беше тргнат од рангирањето на УФЦ.

Каин Веласкез е целосно ревитализиран, а на почетокот на годината рече дека сака да се бори, но очигледно УФЦ не беше заинтересиран. Ова, очигледно, не му се допаѓа на Каин и според неговиот тренер Хавиер Мендез, неколку различни организации почнаа да нудат пари за да го откупат од УФЦ.

„Во моментов преговараме за неговиот договор и не знам повеќе, но можам да ви кажам дека неколку различни организации нудат пари за откуп на неговиот договор од УФЦ. Еден човек кој е запознаен со работите ми кажа дека договорот на Каин бил продаден.

Тој ми кажа дека различни организации нудат пари, но не знам ништо повеќе од тоа. Каин е подготвен да се бори и чека една година. Имаше разговор, но не знам што се случило. Се што знам е дека е подготвен за борба.

Не знам дали ВВЕ/WWE исто така нуди пари за него, но тој оди во нивната сала затоа што го сака ВВЕ и тоа нема никаква врска со Даниел Кормиер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON