Познатиот дагестански блогер Хасбула Магомедов, попознат како Хасбик, објави нова објава на социјалните мрежи.
Хасбик потврди дека потпишал со УФЦ, што беше објавено пред неколку недели. Овој пат Магомедов откри дека договорот вклучува и борба во октагонот на организацијата. Хасбула напиша дека ќе има повеќе информации за неговата борба на крајот на годината.
„Гласините на УФЦ се вистинити. Официјално потпишав договор за борба! Деталите ќе бидат откриени на крајот на годината. Благодарност до УФЦ и Дана Вајт за можноста, ќе се обидам да ја оправдам вашата доверба.
Благодарност до братот Хабиб Нурмагомедов што ни го отвори патот на сите нас. Благодарност до Суркаи за помошта околу договорот. Благодарам брат Курбан и Џастин.
Сите мои обожаватели наскоро ќе можат да купат комплет за борба Hasbulla на UFC.com и hasbulla.com“, напиша Хасбик.
Хасбула е популарен во ММА веќе неколку години. Тој е висок 93 см и тежок околу 18 килограми. Боледува од болест која го спречува нормалниот развој. Ова е причината зошто тој изгледа како 5-годишно дете иако има 19 години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram