Хасбула потпиша 5-годишен договор со УФЦ

Хасбула Магомедов, попознат како „Хасбик“, потпиша 5-годишен договор со УФЦ. Дагестанската интернет ѕвезда го сподели ова на социјалните мрежи. Малку подоцна веста ја потврди и рускиот новинар Игор Лазорин.

Засега во план е посета на турнири и медиумска активност. Лазорин вели дека платата на Хасбула нема да биде јавно објавена, но тој би заработил многу повеќе од многу борци на УФЦ.

Хасбула стана познат во мај минатата година. Чеченскиот блогер Ашаб Тамаев се обиде да му организира борба со друг млад човек. Магомедов боледува од ретка болест која го спречува нормалниот развој. Ова е причината зошто тој изгледа како 5-годишно дете иако има 19 години.

Тамаев организираше прес-конференција за борбата Хасбула, кој собра над 17 милиони прегледи. Оттогаш, Хасбула се зближи со Хабиб Нурмагомедов, кој претходно го игнорираше.

Хасбула почна редовно да присуствува на ММА настаните на Хабиб, а на крајот на 2021 година беше поканет на гала вечерта на УФЦ во Абу Даби. Таму го запозна Дана Вајт, како и многу други познати личности од боречките спортови.

Конор Мек Грегор во последно време упатува навреди кон него. Хасбула не му остана должен и го предизвика на борба. Сега Дагестанецот е веќе дел од УФЦ и сигурно повторно ќе биде на гала вечерта на УФЦ во Абу Даби во октомври.

Веројатно многу борци нема да бидат задоволни од овој циркус, но циркусот деновиве се продава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Lazorin (@igorkakdela_official)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON