Тајсон Фјури не престанува да биде една од сензациите во боксот, а наскоро дури и во кечерството.
Сепак, тој, исто така, се очекува да ги освои насловните страни наскоро со скок кон неговиот друг потфат, ММА.
Боксерот рече дека има намера да започне со борби во ММА, а веќе тренираше со Дарен Тил и се очекува да тренира и со Конор Мек Грегор.
И додека Дана Вајт јавно го советуваше Фјури да си остане кротко во боксот и да не си го ризикува здравјето во ММА, поранешниот борец Мајкл Биспинг гледа друг аспект во кој Фјури ќе биде лидер.
„Ако Тајсон Фјури дојде во ММА, верувам дека ќе му дадат соодветни противници“, изјави Бисинг во својот подкаст.
Погледнете го УФЦ. Тие во моментов се во ерата на шоу-бизнисот и Фјури совршено се вклопува. Може да зборува, може да зборува глупости со денови. Тој е крајно забавен. Привлекува луѓе.
Не само што е шампион во тешка категорија, туку е и многу харизматичен. Тој е апсолутна ѕвезда, а ако оствари неколку победи и победи на мечот за титула, тоа е огромна деловна можност за УФЦ. Ќе биде многу, многу добро платен и гледан натпревар“.
Ова е точно, но УФЦ може и да го фрли директно под возот, како што тоа го сторија и со боксерот Џејмс Тони, кој брзо беше поразен од ветеранот Ренди Котур.
Според Биспинг, шампионот Даниел Кормиер ќе се пензионира во 2020 година и на организацијата ќе и требаат привлечни личности за да го привлече вниманието и интересот на навивачите.