Харитонов го нокаутира Митрион (ВИДЕО)

Откако нивната прва борба во февруари траеше само 15 секунди, Сергеј Харитонов го нокаутира Мет Митрион на вториот мечна Белатор 225 во Бриџпорт, Конектикат.

Првата борба беше прекината поради низок удар по кој 39-годишниот Русин не беше во состојба да го продолжи мечот, а во втората средба Харитонов (30-7-2 НЦ) со аперкат и колено во втортата рунда го заврши „Митхед“ (13-8-1 НЦ).

Пред дуелот со Русинот, 41-годишниот Американец во октомври минатата година беше поразен од Рајан Бадер во полуфиналето во тешка категорија на Гран-при турнирот.

Митрионе за време на целиот меч имаше проблеми со заштитната гума, која повторно му испадна во втората рунда откако Харитонов го погоди со левата рака. Можеше да се слушне во првата рунда во аголот дека има нова гума, а дека неговата останала во торбата.

Откако во повратничкиот меч за американската промоција ја загуби борбата за прв предизвикувач во тешка категорија од Чеик Конго , поранешниот шампион на Белатор, Виталиј Минаков (22-1) по неговиот прв пораз во кариерата за 105 секунди го нокаутира Тимоти Џонсон (12-6).

На 34-годишниот Американец ова му беше втора борба по напуштањето на УФЦ и втор пораз. Минатиот октомври Конго го нокаутира за 68 секунди.

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/475018133337591/

Борецот со ампутирана рака Ник Њувел (16-2) во дебито за Белатор со давење со рачен триаголник во првата рунда го совлада Кори Браунинг (4-2).

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/910644439270479/

Во воведната програма Израелецот Авив Гозали (3-0) го направи најбрзата завршница во историјата на Белатор. За само 11 секунди со хил хук го совлада Белорусинот Едуард Моравицки (7-9). Меѓутоа, треба да се каже дека Израелцот нема да добие награда за фер-плеј, бидејќи се тргна да го руши противникот во моментот кога  овој му ја пружи раката за поздрав.

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/2313198012050105/

Интересно е што сите 14 борби на настанот завршија со прекин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО