Харитонов доби противник за дебито во Белатор

serge j haritonov

Сергеј Харитонов (23-5) ќе дебитира за Белатор на 14 мај во Сан Хозе.

Во главната борба на Белатор 154 Фил Дејвис ќе се бори против Мухамед Лоуел, додека 35-годишниот Русин ќе се сретне со 32-годишниот Американец Џош Апелт (12-5).

Апелт еднаш се бореше за Белатор во 2014 година и загуби на поени од Фреди Акитани.

Последната борба Харитонов ја направи во јули минатата година, кога по втор пат го победи Кени Гарнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО