Хард во одличен меч го собори Лара и ги обедини титулите

Џарет Хард (22-0, 15 КО) во Лас Вегас го победи Ерисланди Лара (25-3-2, 14 КО) и ги обедини титулите во полусредна категорија.

27-годишниот Американец во мечот влезе како шампион на ИБФ во категоријата до 70 килограми, а по 12 одлични рунди со кубанскиот мајстор ги освои титулите и на ВБА и на ИБО.

Хард го собори Лара со лево кроше 37 секунди пред крајот на борбата и тој потег му ја донесе победата, затоа што на крајот славеше со поделена одлука на судиите 114-113, 114-113, 113-114.

На 34-годишниот кубански левак ова му е трет пораз во кариерата. Претходните два ги доживеа со поделени судски одлуки – 2011 од Пол Вилијамс и 2014 од Канело Алварез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО