Хант има желба на крајот на УФЦ-кариерата, а таа се вика Френсис Нгану!

Легендарниот Марк Хант има само уште две борби во актуелниот договор со УФЦ. Со оглед на историјата на меѓусебните односи (кои не се идилични), но и најавите на хант дека заминува во професионалниот бокс на самиот крај на кариерата, тоа е тешко да се очекува продолжување на соработката и потпишување на нов договор кога станува збор за „Супер Самоанецот“.

Кои се плановите и желбите на Новзеландецот кога зборуваме за последните две проштални битки во елитниот октагон?

„Се обидувам да дознаам дали можам да се борам против Нагану на Хаваите во август. Тоа би било одлично“, изјави шампионот на K-1 ВГП/WGP во последното интервју за ММА Фајтинг и додаде:

„Нгану ќе биде одличен избор за мене, но и Александар Волков, кој штотуку го победи Фабрицио Вердум. Ако е на располагање во тој термин“.

Хант на крајот на кариерата не сака да калкулира со „послаби“ противници. Сака да замине со стил и да направи колку што е можно посилни и поинтересни мечеви. Исто како што секогаш се бореше и однесуваше.

„Само се обидувам да добијам противник кој повисоко рангиран од мене. Во договорот имам само уште две борби, па така се обидувам да добијам меч против Нгану. Не знам дали воопшто го потврдија настанот на Хаваите, но верувам дека таму тоа ќе биде одлична средба. Па ќе дознаеме кој прво ќе оди на уривање во тој дуел …“, објаснува легендарниот борец и додава:

„Сега се борев против противник кој беше рангиран пониско од мене. Сега сакам некој кој е повисоко. Може да биде и Вердум. И реваншот против него би бил одличен, но мислам дека двобојот против Нгану ќе биде многу подобра идеја. Ма повторно нека ми го дадат Блејдс и пак да се обидам против него.

На крајот што ќе одлучи УФЦ засега тешко е да се предвиди. Сите мечеви и сите противници што ги посака Марк Хант и тоа како имаат смисла и би биле одличен дополнителна ППГ-листа.

Да потсетиме како е поразен Хант во последниот дуел од Кертис Лједсs во поднасловната борба на неодамнешниот настан во Австралија. По сјајната прва рунда во кој речиси го нокаутира Блједс, Американецот во продолжение на мечот доминираше во боречкиот сегмент, кој му донесе победа на поени. Пред тоа, Хант го совлада Дерик Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО