Непоризираниот Хамзат Чимаев има 11 победи во кариерата, од кои пет во најголемата светска ММА организација.
Своите противници ги заврши во првата или втората рунда, само во последниот меч Бразилецот Жилберт Барнс му приреди вистинска удирачка војна.
Шведско-чеченскиот борец победи со едногласна одлука по три исцрпувачки рунди.
Борз викендов го очекува уште еден предизвик, борба против Нејт Дијаз.
Нивната борба од пет рунди е водечка на настанот УФЦ 279 во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.
„Што може да направи Дијаз? Борбата е во полусредна категорија, а јас можам да се борам и во тешка категорија. Мислам дека нема да ја преживее првата рунда, иако се надевам дека ќе остане на нозе до крај. Тоа би било добро за него, би го покажал своето срце и би го напуштил УФЦ како воин. Ако го победам во првата рунда, сите ќе кажат дека Нејт е премногу стар“, рече Хамзат Чимаев и продолжи:
„Се што се случи досега во УФЦ е посебен момент за мене. Прекрасно е чувството да се бориш со Нејт Дијаз, борец кој е во УФЦ повеќе од 15 години, тој е легенда. Можеби тоа е неговата последна борба, но нема да заврши добро. Не собирам поени и не сакам да си играм. Доаѓам да ги претепам сите“.