Ѕвездата во подем на УФЦ, Хамзат Чимаев покажа добро срце. 26-годишниот Чеченец се сретнал со бездомник на улиците во Лас Вегас и застанал да му купи храна од Мек Доналдс.
Непоразениот Чеченец немаше идеја дека неговиот пријател го фотографира од далеку. Хамзат имаше краток разговор со бездомникот, а потоа се упати кон ресторан за брза храна за да купи јадење.
Викендов Чимаев се враќа во кафезот и ќе се бори против Џералд Мершарт во Лас Вегас.
Победата е неопходна за Хамзат бидејќи тој има закажана втора борба следниот месец против Дамијан Маја.
Многу луѓе го споредуваат Чимаев со Хабиб Нурмагомедов, но очигледно нивниот став кон бездомниците е поинаков. Пред две години, Хабиб и неговиот братучед ги натераа бездомниците да прават склекови за пари. Неговиот братучед Абубакар плати, а Хабиб се сликаше и постојано се смееше.