Познатиот чеченски УФЦ борец Хамзат Чимаев објасни зошто се согласил да се соочи со Нејт Дијаз.
Според Чимаев, на неговата одлука влијаело големото име на Дијаз во светот на мешаните боречки вештини. Тие го предводат настанот УФЦ 279 кој ќе се одржи на 10 септември во Лас Вегас. Хамзат е голем фаворит на мечот и разбирливо, бидејќи се уште е непоразен.
Нејт е во серија на порази и ова е последна борба од неговиот договор со УФЦ. „Борз“ верува дека Дијаз не е врвен борец и се заканува дека ќе го претепа.
„Навистина нема потреба да се борам со овој човек. Се борам со него само за забава. Јас бев уште дете, а тој веќе се караше. Можев да ја дочекам борбата за титулата, но сепак го прифатив овој меч.
Всушност, овој човек не е врвен борец, но е познат. Сите го сакаат, сите зборуваат за овој гангстер. Јадам гангстери за појадок. Ќе го скршам!“, истакна за Спорткида Чимаев.