Хамзат Чимаев: Камару Усман повеќе нема да биде истиот

Хмазат Чимаев мисли дека Камару Усман ќе биде променет човек по поразот од Леон Едвардс.

Едвардс ја освои титулата на УФЦ во полусредна категорија со неверојатен нокаут со висок удар во петтата рунда на УФЦ 278 во август во Јута. Овој нокаут беше толку тежок што Усман беше дезориентиран 20 минути по борбата. Со ваков нокаут Чимаев верува дека Усман можеби никогаш нема да биде истиот.

Викендов Чимаев се враќа да се бори со Нејт Дијаз. Нивната борба е насловна на УФЦ 279 во Лас Вегас. Победникот ќе добие шанса за титулата во категоријата. „Борз“ вели дека го почитува Нејт, но ќе се обиде да го убие.

„Тоа беше луда борба, добра борба. Научив многу од оваа борба. Усман леташе превисоко. Велеше дека ќе се бори со Канело Алварез, а потоа беше застрелан. Не беше фокусиран, но рече: „Секогаш сум фокусиран“.

Зборуваше дека сака да заработи, а Леон доаѓа и му пука во глава. Го нокаутира. Мислам дека психички нема да биде истиот човек. Видовме дека многу шампиони мислат дека никој не може да ги победи.

Велат дека се непобедливи и слично, но еве некој што ги нокаутира. Усман сега знае дека и тој е човек. Немам проблем да имаат реванш. Ќе се борам со друг човек.

Можеби ќе се борам со Алекс Переира или со Израел Адесања. Не знам. Ќе почекаме и ќе видиме што ќе каже по мојата борба Дана Вајт. Од една страна го почитувам Нејт Дијаз.

Ги почитувам сите мои противници, но штом отидам да убијам некого, нема потреба од почит. Ако може, тогаш ќе ме убие. Јас ќе го направам истото. Во кафезот, кога е време за борба, никого не почитувам“, изјави Чимаев за ЕСПН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON