Шведско-чеченскиот ММА борец Хамзат Чимаев е голем фаворит против Нејт Дијаз во пресрет на настанот УФЦ 279 кој ќе се одржи на 10 септември во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.
Непоразениот Борз има победничка серија од 11 борби кои сите ги заврши со прекин со прекин во првата или втората рунда до мечот со Жилберт Барнс.
Во април, по фантастична борба во три рунди, Чимаев со едногласна одлука го победи Бразилецот.
Нејт Дијаз има три порази во последните четири борби, а последниот меч го загуби во јуни минатата година против Леон Едвардс.
„Не ми е важно што сум фаворит на тој меч. На почетокот на кариерата се борев со светски шампион кој имаше 8-0, а имав само еден меч. Сите ми велеа дека ќе ме претепа“, рече Хамзат Чимаев и додаде:
„Сега многумина велат дека ќе победам. Дијаз губи борби, па не може да биде фаворит. И да беше во серија на победи, тогаш ќе беше 50-50 и тогаш ќе речеа дека е во одлична форма. Сега сите укажуваат колку години има. Но, тоа е борба и секогаш е опасно. Среќен сум што се борам со него“.