Хамзат Чимаев ги предизвика шампионите Усман и Адесања (ВИДЕО)

Хамзат Чимаев постојано размислува како да го достигне врвот во ММА.

„Ѕвездата во подем“ на УФЦ предизвика двајца шампиони на организацијата – оној во средна категорија – Израел Адесања и во полусредна категорија (каде Чимаев е број 3) – Камару Усман.

„Кој сака да се бори? Камару Усман, Израел Адесања“, напиша непоразениот борец во видеото на својот Инстаграм профил. Околу еден ден по предизвикот Чимаев не доби одговор, барем не на социјалните мрежи!

Амбицијата на Чеченецот со шведски пасош за оваа година е да стигне до меч во директена пресметка за шампионскиот појас против актуелниот победник – Камару Усман. Засега успешно ја следи целта.

Потсетуваме, тој пред неколку дена го совлада Жилберт Барнс во главната пресметка на настанот УФЦ 273.

Чимаев досега нема пораз во професионалната кариера во ММА и има добиено 11 борби од 11 меча. Постигна 10 со завршница (6 со нокаут и 4 со принуда).

Непоразениот борец скокна 8 позиции нагоре на ранг листата над „Дурињо“ и веќе го зазема третото место во полусредна категорија.

Тој дури и го предизвика кандидатот број еден – Колби Ковингтон за следниот судир во октагонот. Чимаев тоа го направи на социјалните мрежи, споделувајќи постер од можна битка меѓу нив.

Американските обложувалници веќе почнаа да прифаќаат облози за можна пресметка Чимаев-Ковингтон, при што вагата натежнува кон победа за Американецот.

Евентуалната победа над Ковингтон би му овозможил на Чимаев да се соочи со Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON