Хамзат Чимаев e подготвен за реванш против Жилберт Барнс

Во април Хамзат Чимаев и Жилберт Барнс водеа вистинска војна во октагонот на настанот УФЦ 273 во Џексонвил.

Шведско-чеченскиот борец по фантастични три рунди го совлада Бразилецот со едногласна одлука на судиите.

За непоразениот Хамзат тоа беше 11-та победа во кариерата, а пет месеци подоцна со завршница (брабо давење) во првата рунда го победи Кевин Холанд.

Тоа беше единствената борба оваа година на Дурнињо, а своето враќање го најави во јануари на настан во Бразил.

Барнс би сакал на домашен терен да се бори со Хорхе Масвидал, но се уште ништо не е договорено. Но, ако не успее мечот против Гејмбред, Чимаев е во комбинација.

Имено, откако Переира ја освои титулата во средна категорија Чимаев веднаш се нарече шампион, но таа борба тешко може да се случи. Во последната порака го допре Барнс.

Ако Алекс не е подготвен, повторно да го направиме тоа, но овој пат во Бразил со 84 килограми“, вели Хамзат во пораката до Барнс.

Без разлика што Хамзат Чимаев е подготвен за реванш против Жилберт Барнс, останува да се види дали Дурнињо ќе го прифати предизвикот.

Веројатно Бразилецот ќе бара полесен противник или меч кој би му донел добри пари против противник како Масвидал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON