Хамза Јашари во репасажот извојува две победи во Турција, Резарт Хусени поразен

Репрезентативецот Хамза Јашари (-66 кг) се сретна со Русинот Адул-Керим Тасуев Европскиот џудо куп за кадети – Анталија 2018 во Турција. Јашари загуби со вазари, но противникот му овозможи настап во репасажот.

Јашари во репасажот беше подобар од Турчинот Метехан Козан со ипон, потоа со ипон и вазари го совлада Грузиецот Александре Лобжанидѕе, но во третата броба е совладан со ипон од Турчинот Нијази Гокџен. Сето ова беше доволно за деветото место.

Хамза на претходниот куп во Фолоника – Италија го освои сребрениот медал. На крајот на минатата година го освои првиот златен медал за Македонија на еден Европски џудо куп за кадети во Гиор, Унгарија.

Резарт Хусени (Иппон) беше поразен во репасажот од Пеле Матсон од Шведска.

Да потсетиме дека Хусени (-60 кг) во претпладневниот дела забележа победа и пораз. Прво го совлада Ахмет Кандриџи од Турција со ипон, а е поразен со ипон и вазари од Тилеген Тинарбај од Казахстан.

Утре настапува и Еди Шерифовски (-73 кг).

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО