Хамза Јашари обезбеди олимписка виза за ОИМ во Аргентина

 

Нашиот најдобар џудист во кадетска конкуренција, Хамза Јашари, и официјално ја завери олимписката норма за Олимписките игри за младинци во Буенос Аирес, Аргентина, од 6 до 18 октоври 2018 година.

Хамза Јашари е на петото место на Светската ранг листата за кадети со 366 поени, со што обезбеди директен пласман. Постоеше опасност до изминатиов викенд да го загрози репрезентативецот на Азербејџан, Вугар Талибов, само под услов да го освои првото место на Купот за кадети на Азија во Макао, кој на карјот беше трет.

На првото место на оваа листа е Ранто Кацура од Јапонија со 530 бодови, потоа следат Антонио Торнал од Домениканската Република – 494, Абрек Нагучев од Русија – 460 и Јајхунбек Назаров од Узбекистан – 411.

Ова е голем успех на Јашари кој го освои првиот историски медал за македонското џудо на европските првенства на Шампионатот во Сараево, каде што се закити со бронзениот медал.

Под мотото „Почувствувај ја иднината“ 6 до 18 октомври во Буенос Аирес (Аргентина) ќе се одржи III. Младинска Олимпијада (ОИМ). Околу 3.500 млади спортисти од 206 земји, на возраст од 14 до 18 години, ќе се натпреваруваат во 31 спортска дисциплина.

Првите ОИМ се одржаа во 2010 година во Сингапур, а второто издание на летните ОИМ беше во кинескиот Нанџинг во 2014 година. Од останатите спортски натпревари за млади ОИМ се разликуваат по тоа што нуди единствена културна и образовна програма посветена на Олимпизмот, општествена одговорност, развој на вештини и здрав начин на живот.

Да потсетиме дека и картистот Фаик Весели обезбеди олимписка норма.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON