Хамза Јашари на подготвителен камп во Тунис за Олимписките игри за млади (ФОТО)

Во Тунис се одржува тренинг камп за млади џудисти кои исполнија норма за Олимписките игри за млади во Буенос Аирес – Аргентина, а на него учествува и нашиот најдобар џудист Хамза Јашари кој на Европското првенство за кадети во Сараево го освои бронзениот медал со кој се запиша во историјата на македонското џудо како прв носител на одличје од европски шампионат.

Со Хамза Јашари на кампот отпатува и неговиот тренер Игор Паскоски.

Кампот почна на 18 и ќе трае до 26 август и е во организација на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во соработка со националните олмписки комитети, односно МОК. Главни координатори на кампот се Илијас Илијадис и Марк Хуизинга.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО