Хамди Адили со УС Метро Луте трет во Втората лига на Франција (ФОТО)

us metro 3 vo francija so medali

Екипата, која ја води тренерот Хамди Адили, У С Метро Луте го освои третото место во Втората лига на Франција.

Us metro 3 vo Francija

Во полуфиналето на плеј-офот беа совладани од Сотвил ле Руен со 7-5, а во реашвачката средба за третото место ја совладаа екипата Алунеи сус Боис со 9-3.

„Имаше многу добри борби. Во екипата имаме двајца борачи од Македонија, односно борачи кои се регистрирани за БК Скопје, Адил Адили (-65 кг) и Ресул Адиловски (-55 кг). Ресул извојува убедлива победа од 10-0, додека Адил имаше две борби. Првата му беше во грчко-римски стил и се бореше со ланаксиот шампион Алан Тиам, а по резултат од 8-1 за Тиам во првата рунда, во втората направи преврт и победи со 11-8. Во втората борба во слободен стил победи со 10-0 против Максим Гаилјард“, истакна Хамди Адили за Ipon.mk.

Исто така и кадетската екипа го освои третото место во единствената кадетска лига. И во кадетската екипа настапија двајца борачи од Скопје, Брава Зилфи (-62 кг) и Бујар Цури (-54 кг). Во Борбата за третото место е победена екипата на Бесанкон со 3-2.

„Во екипата бевме петмина скопјани“, додава Адили.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО