Вчера Адил Адили освои бронзен медал во слободен стил на Гран при де Париз во категоријата до 61 кг, откако со 7-0 го совлада Ренди Андрија Вок од Швајцарија.
Претходно славеше со 12-0 против Шритоф Роберт Бернард Фибац од Франција, а во полуфиналето загуби од Грузеицот Шота Партенадѕе со 12-2 (ТТ).
Неговиот тренер и татко, Хамди Адили, добро познат во боречките кругови во Македонија го анализираше првиот настап на Адил оваа година, кој беше со воодушевување примен во нашата земја.
„Како за почеток во овааа година на турнирот „Гранд при де Париз“ за сениори, на кој настапија над 25 земји, а, што е најважно, во категоријата до 61 кг, каде што беше Адил, учествуваше и светскиот првак за јуниори и трет на Светското за сениори Иранецот Рахими. Адил четвртфиналето имаше победа против Французин, па беше поразен од Грузиец во полуфиналето, а во борбата за третото место извојува победа против борачот од Швајцарија.
Инаку, многу сум задоволен, затоа што Адил се уште е јуниор и во оваа спортска година, па се надевам како за почеток, да учествува на изборното првенство на Македонија и да учествува на Европското и на Светското првенство за јуниори. А, имам намера оваа година да учествува и на изборното первенство за сениори во Македонија, каде што имам надежи дека Фдерацијата за боречки спортови на Македонија ќе има поголем интерес за Адил“, рече Хамди Адили.
Адил Адили живее во Франција и настапува за УС Метро Луте од Париз, каде што Хамди е тренер, а во Македонија настапуваат за БК Скопје.
Ipon.mk/В.Д.