Халим Абази: На Македонија и треба национален тренер за да имаме добри резултати

Халим Абази кој беше дел од таборот на нашата репрезентација на подготовките во Србија и настапот на Меѓународниот боксерски турнир Младинска Златна ракавица на кој Ардијан Аземи освои златен медал, а Моника Стојковска дебитираше со одлична борба и со Романката Габриела Лазаров беа прогласени за најборбен пар, се осврна за текот на подготовките и учинокот на турнирот на сите боксери. Абази и укажува и на слабости кои се воочени на подготовките и турнирот и бара Федерацијата да одреди селектор со искуство.

„Најдобри боксери од Македонија беа Ардијан Аземи, Беќир Лимани, Ферит Хоџај, Александар Ристовски, Хади Шехаби и Ружгар Мамутовски.

Ардијан Аземи беше супериорен над своите противници и со три победи имаше одличен учинок“, истакнува Абази и додава:

„Беќир Лимани ја доби борбата против многу добар боксер во текот на 3 рунди, за жал, против пет судии од Србија не можеше да се избори.

Хади Шехаби во првата рунда како лав го удри противникот од Романија, во втората рунда борбата беше прекината од докторот поради повреда.

Александар и Ферит покажаа добар бокс во три рунди со многу силни противници, за што, како тренер, сум многу среќен.

Адријан Хемемаили и Рузгар Мамутофски се претставија добро, пред нас претстои уште многу работа.

Моника ја направи својата прва борба и покажа дека знае да боксира. Таа е млада спортистка, но многу е интелигентна“.

Халим вели дека е разочаран од друг боксер, иако ги разбира, поради тоа што не тренирале една година и не боксирале.

„На Македонија и треба национален селектор, каде што треба да работи напорно за да добие резултати, вака не може да очекува добри резултати.

Како тренер, кој 14-те дена бев на подготовките, помалку сум разочаран, бидејќи секој секој само се грижи за својот боксер. Мора да се однесуваме педагошки и да не се гледа националноста, без разлика дали станува збор за Роми, Македонци или Албанци, тие ја претставуваат нашата земја Македонија.

Боксерите се многу млади, повеќето беа од 2004 година и боксуваа со противници од 2002 година со силни противници.

Потенцијалот е тука, затоа треба само да работиме, сè зависи од нас. Тренерите и Боксерската федерација на Македонија, можат да изберат, да бидеме туристи или да работиме заедно и така да очекуваме резулти. Ни треба тренер кој разбира бокс, да го собере најдоброто од сите клубови, а не од клубовите што ги сакаме“, вели Абази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО