Пред неколку дена Дана Вајт ја шокираше ММА заедницата со веста дека Халил Раунтри добива шанса за титулата во полутешка категорија. Искусниот ветеран од САД ќе се бори со Алекс Переира. Нивната борба е насловна на настанот УФЦ 307, кој ќе се одржи во Јута во октомври. Раунтри се наоѓа на 8-та позиција во поредокот и доаѓа по суспензијата поради пад на допинг тестот.
Навивачите, борците и новинарите ја критикуваа одлуката на Вајт, но Халил не е вознемирен од критиките. Тој е среќен со оваа шанса и вели дека сите треба да бидеме воодушевени од борбата. Раунтри е кикбоксер и борбата со Переира ќе се одвива целосно во стој. Сосема очекувано ќе биде голем аутсајдер за обложувалниците.
„Ова е веројатно најголемото изненадување во мојот живот. Критиките? Тоа не ме засега мене лично. Разбирам дека Џамхал Хил е вознемирен од лични причини. Не ми е гајле што мисли тој или некој друг. Не мислам дека мојата борба со Алекс има негативно влијание врз спортот.
Всушност, тоа е сосема спротивно. Навивачите ќе бидат воодушевени од оваа борба. Благодарен сум на УФЦ за оваа можност. Ако не ја споделувате таа возбуда, можеби нешто не е во ред со вас, а не со мечмејкерите или организацијата. Ако имате проблем, мислам дека тоа е ваш личен проблем“, рече Раунтри.
View this post on Instagram