Еден од најинспиративните говори на вонредното Собрание на Федерацијата за боречки спортови на Македонија е на тренерската легенда Хајруш Синани.
Синани рече дека секоја сака да биде во Управниот одбор, секој сака да шета, а не да работи. Работата е на државните првенства да има по 150-200 борачи, а не по 40. Според него, секој треба да работи во клубовите, а некои не работеле никаде. Прво требало да работат во клубовите, па дури потоа во репрезентацијата.
Тој нагласува дека немаме судии од екс-категорија, порано сме имале 1-2, а клубови што работат се Лирија, Балканец, Бучим и по нешто Спартак.
„Секој нека земе по еден бел лист и нека напише што дал за борењето и што добил од него. Ако 51 отсто дал за борењето, тогаш тој го сака и работел за него. Оние што земале 51 процент борењето, тие работеле за личен интерес, односно да земат од него.
Помладите помлаку да се фалат, повеќе да работат“, истакна Синани!
ipon.mk/В. Д.