Вечерва Хадис Рамадани во категоријата до 67 килограми славеше против Германецот со турско потекло Емре Гок на кик бокс настанот Фајт најт во Адорф-Швајцарија, во организација на ВКУ-Швајцарија.
Тој на поени во три рунди беше подобар од Гок.
„Борбата беше многу добра. Германецот во третата рунда го испрартив во нокдаун“, изјави нашиот репрезентативец Хадис Рамадани.
Откако почна да настапува и на професионалниот ринг, пред се во Швајцарија, Хадис нема изгубено борба.
Ipon.mk/В.Д.