Хадис Рамадани кој синоќа во Цирих-Швајцарија, на професионален меч против Гадер Ахмедин на „Фајт најт“ настанот ја извојува првата професионална победа во три рунди.
„Мечот беше многу добар. Имаше многу силни удари. Бев добро подготвен и водев во трите рунди. Во третата рунда бев претпазлив, затоа што во првата и втората рунда стекнав предност. За евентуалните понатамошни професионални мечеви ќе размислам“, изјави за Ipon.mk репрезентативецот Хадис Рамадани.
Ахмедин е шампион на Швајцарија до 66 кг и досега имаше скор од 10 борби во професионална конкуренција – 7 победи, 2 порази и 1 нарешена борба.
Ipon.mk/В. Д.