Хадис Рамадани: Секогаш сум давал се од себе за победа, така ќе биде и на 24 март!

На 24 март Хадис Рамадани ќе се сретне со Скандер Хакими на настанот Фајт најт во Фолкецвил, Швајцарија.

На кикбоксерот на Шампион од Скопје ова ќе му биде 10-та професионална борба за ВКУ-Швајцарија. Хадис досега има биланс 9-0 и ќе ја брка 10 победа.

Рамадани никој пат не се штедел и дава се од себе, па дел од борбите завршија со прекин.

„Ова ми е 10 борба. Секогаш сум давал се од себе за победа, и овој пат ќе го направам тоа за да победам. Противникот има искуство. Видов неколку негови борби, при што добро работи со нозе и бокс“, истакнува Хадис.

Дали и за овој меч подоготвува посебна тактика со тренерот Андреј Георгиев, која беше пресудна во претходната борба, тој вели:

„Имаме наша тактика со тренерот Андреј Георгиев. Се надевам дека ќе го победам . Во аголот ќе биде мојот тренер Андреј“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО