Хабиб жестоко го критикуваше контроверзниот проект на Дана Вајт: Немој да го правите тоа, правите е големо непочитување!

„Можеби за Америка е добро, но не е за мене“, вели Дагестанецот за шлаканицата како спорт.

Во последните месеци на социјалните мрежи често може да наидете на видеа на кои натпреварувачите стојат еден спроти друг – и си удираат шлаканици. Станува збор за нов „спорт“ кој доби поголема димензија откако Дана Вајт се вклучи во приказната и кон средината на јануари ја лансираше лигата „Power Slap“. Новиот проект на шефот на УФЦ наиде на бројни критики во боречкиот свет, а на борците кои отворено го изразија своето несогласување со шлаканиците како спорт, сега им се приклучи и.

За разлика од, на пример, Шон О’Мели, кој ја критикуваше шлакакницата од здравствени причини, Хабиб зборува за овој неконвенционален и контроверзен „спорт“ од перспектива на човечкото достоинство, односно од перспектива на културата и менталитетот во кој пораснал, која со особен презир гледа на шлаканиците.

„Јас не го следам тоа. Во нашиот менталитет, шлаканицата не е добра, подобро е дури и да се удри, но не шлаканици. Можеби е во ред за Америка, но не е за мене. Дури и да имам шанса, јас никогаш нема да му удрам шлаканица на човек. Нашите менталитети се различни“, рече поранешниот владетел на лесна категорија на УФЦ, гостувајќи во подкастот на ПБД и заклучи: „Подобро е да се оттурне човек, дури и да го удри, но да шлаканица – никогаш. Навредливо е, шалаканицата е израз на големо непочитување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО