Хабиб заработил смешни пари во првите 8 борби во УФЦ

На интернет се појавија детали за договорот на поранешниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов (29-0) со УФЦ. Договорот на ѕвездата од Дагестан беше објавен во јавноста како дел од антимонополското судење. Хабиб потпишал договор за четири борби во 2013 година според кој добивал од 40 до 60 илјади долари по борба, вклучувајќи бонус за победа.

Во 2017 година Русинот потпиша нов договор. Нурмагомедов доби 160 илјади долари и уште 80 илјади бонус за победата над Едсон Барбоса (24-11) во декември истата година. Во 2018 година доби 2 милиони долари за борбата со поранешниот шампион во две категории Конор Мекгрегор (22-6).

Пред борбата со Барбоса, Хабиб се бореше за 40-60 илјади, што е прилично ниска плата. Голем дел од овие пари Хабиб ги подели со својот менаџер и тимот. Ако почнеме да ги анализираме неговите трошоци, тогаш Нурмагомедов најверојатно останал со нето плата меѓу 5 и 10 илјади.

Нурмагомедов се пензионираше на 24 октомври 2020 година кога го победи Џастин Гејџи (25-4) на УФЦ 254. Русинот ја ослободи титулата на УФЦ во лесна категорија и замина непоразен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО