Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, по турнирот Игл ФЦ FC 50 зборуваше со новинарите за поразот на Камару Усман од Леон Едвардс.
Минатиот викенд Усман загуби со нокаут во петтата рунда и се раздели со титулата на УФЦ во полусредна категорија. Нурмагомедов е близок со Усман и двајцата имаат ист менаџер во Али Абделазиз. „Орелот“ призна дека тоа што му се случило на Усман било тешко за гледање.
„Утрото ги гледав борбите во УФЦ. Да бидам искрен, бев изненаден. Може да се каже малку вознемирен.
Имам многу добри односи со Камару. Беше тешко да се гледа како најдобриот борец во светот во моментов е нокаутиран во последните 50 секунди од борбата. Кога се ќе се смири, ќе му се јавам.
Колку што знам, веќе се работи на трилогија. Според мене, тој може да го победи Леон Едвардс. Но, по таков нокаут, многумина не се опоравуваат. Ќе биде интересно да се види. Би сакал да има трета борба бидејќи се 1-1“, изјави Хабиб.
View this post on Instagram