Хабиб влегува во штабот на Белал Мухамед за неговиот следен предизвик

Белал Мухамед, рангиран на 5-то место во полусредна категорија на УФЦ, ќе бара четврта последователна победа за да обезбеди борба за појасот кај 77 килограми тешките борци.

34-годишниот Американец со палестински корени ќе се соочи со Шон Брејди во меч од главната карта на претстојниот настан УФЦ 280 кој ќе се одржи на 22 октомври во Абу Даби.

Белал е непоразен во УФЦ во последните 8 борби, а самиот борец откри интересен детаљ во врска со неговата следна борба. Мухамед најави дека поранешниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ќе биде еден од тројцата тренери кои ќе бидат во неговиот агол за борбата со Брејди.

Оваа одлука беше донесена откако менаџерот на Белал и поранешен менаџер на Хабиб, Али Абделазиз, му понуди на Американецот да одржи дел од својот тренинг камп со тимот на Хабиб во Дубаи. Токму таму Ислам Махачев се подготвува за борбата со Чарлс Оливеира, која ќе биде главна на УФЦ 280.

„Орелот“ исто така ќе биде во аголот на Махачев, како што тоа го правеше во последните години. Ислам има три победи под водство на Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON