Хабиб: Видео игрите го убиваат мозокот на младите

Поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, објасни што гледа како штета на видео игрите.

„Орелот“ смета дека младите не треба да претеруваат со видео игрите бидејќи тоа им го убива мозокот. Хабиб неодамна ја посети Канада каде разговараше со медиумите и фановите. Нурмагомедов опфати многу теми.

„Во моментов, видео игрите се една од работите во светот што ја убиваат нашата млада генерација. Додека поминуваат часови играјќи игри, тоа го убива мозокот. Можеби сум играл вкупно еден час оваа година.

Можеби два часа, што е во ред. Сакам видео игри, но сум против нив затоа што убиваш време. Можете да купите којабило игра на светот, но не можете да купите време.

За младите момци кои имаат 14-15 години секоја минута е важна“, рече Нурмагомедов на настанот во Канада.

Нурмагомедов се пензионираше во 2020 година откако го победи Џастин Гејџи. Рускиот борец во професионалната кариера има 29 победи и ниту еден пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON