Хабиб: Татко ми има компликации со срцето заради коронавирусот

Хабиб Нурмагомедов, видно потресен, објави видео на Инстаграм во кое зборува за здравствената состојба на неговиот татко, потврдувајќи ја веста дека неговиот татко е заболен од Ковид -19.

„Изминатите неколку дена медиумите доста пишуваа за татко ми. Мојот татко е во болница и е во тешка состојба. Имаше компликации со срцето предизвикани од коронавирусот. Минатата година тој го оперираше срцето, а поради коронавирусот мораше да оди на нова операција. Тој е во многу, многу тешка состојба. Го молиме Алах да му се смилува, да оздрави и да ни се врати. Им благодарам на сите кои ми праќате пораки со поддршка и се распрашувате за неговата состојба. Нека Алах ни помогне на сите“, вели Хабиб во обраќањето до Дагестанците.Тој додаде дека во неговото семејство има голем број луѓе заразени со вирусот.

„Повеќе од 20 луѓе од моето семејство се заразени со вирусот. Не зборувам за луѓе кои ги познавам, туку за блиски роднини. Некои од нив беа и на Одделението за интензивна нега. Некои од луѓето кои ги познавам починаа“, вели Хабиб.

УФЦ шампионот во лесна категорија ги повика сите Дагестанци сериозно да го сфатат коронавирусот.

„Вирусот не бира, не го интересира како се викате или презивате, каде работите, дали сте богати или сиромашни. Секој може да се зарази. Само обединети може да го победиме“, порача Нурмагомедов.

https://www.instagram.com/tv/CAVwOsYASi-/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON