Хабиб се извини поради откажаната борба со Фергусон

Хабиб Нурмагомедов се обрати на јавноста и се извини поради откажата борба со Тони Фергусон.

Непоразениот Дагестанецот минатиот викенд на УФЦ 209 во Лас Вегас требаше да се бори за привремената титула во лесна категорија, но на денот пред настанот беше хоспитализиран заради проблеми со симнувањето на килажата, а натпреварот беше откажан.

Орелот сега се огласи преку социјалните мрежи.

„Кој и да си и што и да работиш ќе го добиеш само она што Бог ти го одредил. Благодарен сум за сето она што Бог ми го даде во моите 28 години, добив многу повеќе отколку што барав. Знам дека многу луѓе ја чекаа оваа борба и јас ги разочарав. Сакам да им се извинам на сите фанови, УФЦ и на мојот противник Тони. Моето здравје сега е во ред, му благодарам на Бог. Овој тежок испит ме прави само уште посилен. Ви благодарам на сите за поддршката“.

Ова е трет обид на УФЦ да организира борба со Фергусон и втор пат во кариерата Нурмагомедовг не ја помина вагата.

https://www.instagram.com/p/BRRs9j2A1b1/?taken-by=khabib_nurmagomedov

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON