Хабиб сака да органзира меч меѓу Емилијаненко и Леснар

Хабиб Нурмагомедов сонува да организира битка помеѓу ветераните Федор Емелијаненко и Брок Леснар во неговата ММА организација. Кон крајот на минатата година, Орелот го купи ГФЦ и го смени името во Орел (Игл) боречки шампионат (ЕФЦ).

Емелијаненко и Леснар беше борба од соништата и за Дана Вајт, која даде се од себе за да ги спротивстави во УФЦ. Вајт се обиде да го привлече Федор, но не успеа и никогаш не видовме ваква средба.

До денес, Емелијаненко е борец на Белатор, а Леснар е слободен агент. Хабиб за руските медиуми изјави дека сака да одржи таква средба, но под знамето на неговата организација.

Хабиб сè уште нема потпишано со познат ММА борец и им дава шанса на млади момчиња од Русија. Тој сака да изгради талент кој на крајот ќе се приклучи на УФЦ и ќе ја велича неговата организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON