Хабиб: Роналдо да беше роден во Дагестан ќе беше шампион во УФЦ

Голем број видеа со ѕвездата на мешани боречки вештини се појавија на социјалните мрежи.

Хабиб се сретне со херојот на мечот Килијан Мбапе, кој постигна три гола за Барса, и му ја зеде маицата. Ѕвездата на ПСЖ ја потпиша со „за Хабиб“. Несомнено легендарно сеќавање од посебната вечер во Лигата на шампионите, со која малкумина можат да се пофалат.

Медиумите објавија дека Нурмагомедов го следел мечот во друштво со сопственикот на англиската елита Лидс Јунајтед – Андреа Радрицани.

Пред него сподели дека тој е голем пријател на Кристијано Роналдо и Виргил ван Дајк.

Пред извесно време сопствениците на ПСЖ го поканија на специјална посета во Париз, каде Хабиб позираше во дрес на ПСЖ.

Да потсетиме, Пари Сент Жермен на „Ноу Камп“ триумфираше со 4-1 над Барселона, УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов ги сподели своите соништа да стане фудбалер и посочи дека неговиот добар пријател Кристијано Роналдо да беше роден во Дагестан ќе беше УФЦ шампион.

„Го сакав фудбалот од моето детство и секогаш сонував дека ќе станам фудбалер, но бев роден во Дагестан, и знаете кој е приоритетот таму. Којзнае, ако Кристијано Роналдо се родеше во Дагестан, можеби и тој ќе беше УФЦ шампион. Фудбалоте е спорт, а јас случајно станав фајтер. Кога бев во шесто одделение во мојата тетратка напишав 200 имиња на фудбалери, а тогаш немаше Интернет“, објаснува Хабиб.

 


 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON