Хабиб предлага Тони да се бори со Гаетје на УФЦ 242

Хабиб Нурмагомедов верува дека Тони Фергусон заслужува шанса за титулата во лесна категорија и најверојатно ќе ја добие.

Сепак, тоа нема наскоро да се случи, бидејќи Хабиб ќе ја брани титулата против привремениот шампион Дастин Пориер на УФЦ 242 во септември во Абу Даби. Тони во повратничкиот меч неодамна го победи Доналд Цероне и сега ќе треба да чека најмалку 6 месеци, бидејќи Хабиб најрано ќе се бори во декември, ако успее да го победи Пориер. Нурмагомедов му нуди на поранешениот противник Тони Фергусон да се вклучи во борбената карта на УФЦ 242 и да се бори со Џастин Гаетје во подглавната битка, а победникот да добие шанса за титулата.

„Тони наспроти Гаетје е интересна борба. Зошто да не се случи ако Тони не сака да чека? УФЦ можат да направат меч меѓу нив кој ќе биде подглавна борба на УФЦ 242. Мислам дека ова е добра битка и ќе има доста интерес. Тоа е моето мислење, но Тони заслужува и може да чека. Џастин против Тони и јас против Пориер, а победниците да се борат на крајот на годината“, вели Хабиб.

Фергусон без сомнение заслужува шанса за титулата, затоа што е поранешен привремен шампион и се наоѓа во серија од 13 импресивни победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО