Хабиб: Повлекувањето е најдобра вежба

Поранешната ѕвезда на УФЦ во лесна категорија (до 70 килограми) Хабиб Нурмагомедов објави нова пост на социјалните мрежи во кој ја истакна важноста од повлекување (кревање со раце) за боречките вештини.

Дагестанската легенда тврди дека повлекувањето е најдобра вежба за сите боречки вештини. Тоа е она што треба да го направите ако сакате да станете најдобри во светот.

„Попвлекувањето (кревањето) е најдобра вежба за сите боречки вештини. Обидете се да правите 50 подигнувања секој ден во текот на една година.

Ве уверувам, вашата упорност ќе биде на друго ниво. Ова е за оние кои сакаат да станат најдобри во светот“, напиша Нурмагомедов на социјалните мрежи.

Хабиб Нурмагомедов има 34 години. Борецот професионално дебитираше во 2008 година, а првиот настап во УФЦ го имаше во јануари 2012 година.

Во октомври 2020 година на турнирот УФЦ 254 Нурмагомедов го задуши Американецот Џастин Гејџи, по што објави дека се пензионира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON