Хабиб посочи колку е тешко да си славен

Хабиб Нурмагомедов не е од оние луѓе што уживаат во големата популарност.

Нурмагмедов, кој се повлече од спортот, откако го победи Џастин Гејџи, изјави дека одбива да се врати, и покрај инсистирањето на Дана Вајт. Во моментов, „Орелот“ е фокусиран на помагање на неговите соборци наместо да се бори.

Иако сè уште се занимава со овој спорт, тврдоглаво избегнува публицитет. За Нурмагомедов ова е нешто крајно стресно.

„Животите на познати луѓе се крајно стресни“, рече Нурмагомедов. „Сакам да живеам нормален живот како нормална личност, како што бев пред 10 години. Но, сега имам шампионски титули од победените битки. Разбирам дека после сето ова доаѓа слава, но не разбирам зошто да биде толку тешко. Многу е тешко да живеам вака. Би сакал да се вратам на мирот што го имав пред да станам славен “.

Хабиби Нурмагомедов е еден од најпознатите ММА борци во светот. Каде и да оди, луѓето сакаат да се сликаат со него. Ова е несомнено непријатно за еден млад човек кој пораснал во Дагестан, фокусиран само на борбата.

Засега, Нурмагомедов останува во пензија, но Дана Вајт се надева дека ќе го види на неговиот 30-ти професионален меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО