Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов со серија фотографии ги крена завесите за своите фанови за време на неговиот тренинг камп за УФЦ 254.
Нурмагомедов ќе се врати во октагонот на 24 октомври против привремениот шампион Џастин Гејџи. Ова ќе биде прва борба на Нурмагомедов без неговиот татко во аголот, откако Абдулманап Нурмагомедов ја загуби битката со коронавирусот.
https://www.instagram.com/p/CFumYszsf4A/?utm_source=ig_embed
Кардиото на Нурмагомедов отсекогаш било на високо ниво и е во фокусот на неговите тренинг кампови. Покрај тоа, продолжува да ги подобрува вештините во стој, бидејќи ќе треба да се соочи со еден од најопасните напаѓачи во категоријата.
Статистиката на Нурмагомедов е совршена – 28-0, со 12 победи во УФЦ.