Хабиб планира да се бори и во велтер категорија

habib-lajk

Првиот предизвикувач во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, има уште многу работа во својата категорија, како што се освојувањето и одбрана на титулата. Но, непоразениот дагестанец еден ден веројатно ќе го видиме и во велтер издание.

Руските медиуми Нурмагомедов го прашаа за евентуалното преминување во велтер категорија, приказна што потекна од неговиот татко. „Орелот/Игл“ потврди дека ќе се натпреварува и во категоријата до 77 кг,но со 28 години вели дека се уште не во таа фаза од неговата кариера.

„Ќе дојде и тој момент, но се уште не за неколку години. Причина за транзицијата? Колку сте постари, толку потешко е да се одржи телесната тежина… Да, мислам дека тоа е поврзан со растот. Татко ми велеше дека со текот на годините добивате маса. Пред тоа се прашував што зборува тој? Но, сега ми е јасно… Тој има повеќе искуство и знаење, така што слепо верувам сè што ќе каже“, рече Нурмагомедов за mk.ru.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО